Во 2050 година христијаните ќе бидат малцинство во Македонија

Неколку земји ќе имаат поинакво религиско мнозинство во 2050 година, покажува истражувањето во Pew Research Центарот. Бројот на земји во светот каде христијанското население е и мнозинско ќе се намали од сегашните 159 на 151, а бројот следбениците на таа религија ќе биде помал од 50 проценти.

Според споменатиот Центар на тој список ќе се најдат Австралија, Бенин, Босна и Херцеговина, Франција, Холандија, Македонија, Велика Британија и Нов Зеланд.

На глобално нивo, бројот на новороденчиња во христијанските бракови во последните години е повисок од оној на членовите на било која друга религија во последниве години.

Сепак, тоа нема да трае долго – за помалку од 20 години, бројот на новороденчиња кај муслиманите ќе го надмине бројот на раѓања кај христијаните, пишува Ал Џезира повикувајќи се на податоци од Pew Research Центарот.

Овој центар претходно објави дека бројот на муслиманите во Германија ќе се удвои до 2050 година и дека муслиманите во САД ќе бидат втора најголема религиозна група.

На глобално ниво, релативно младата муслиманска популација и високата стапка на наталитет води кон заклучокот дека во периодот меѓу 2030 и 2035 година е се родат повеќе муслимански деца (225 милиони) од христијански – 224 милиони деца.

Помеѓу 2055 и 2060 година оваа разлика ќе изнесува 6 милиони – 232 милиони новородени муслимани на 226 новородени христијани.