Данска ја замени Шведска од првото место во рангирањето на земјите кои се најдобро место за живеење во светот, според рејтингот изготвен за 2018 на US News & World Report.

Во пресрет на Меѓународниот ден на жената, медиумската организација интервјуираше 9.000 жени како дел од пошироката студија за да утврди која од 80-те земји во светот е најпогодна за живот на жените.

Анкетатата опфати и 21.000 бизнис лидери, луѓе од елитата и просечните граѓани, за да се открие како овие 80 земји се рангираат според група индикатори – од економски до државјанство и квалитет на живот.

Најдобрите земји за жени добиваат оценка до 10 според, почитување на човековите права, родовата еднаквост, еднаквост во приходите, напредокот и безбедноста.

Од земјите од Источна Европа, на најадобро место за живеење на жените е Полска со високото 21 место.

На 20 место е Португалија

19 Италија

18 Шпанија

17 Јапонија

16 САД

15 Ирска

14 Франција

13 Обединето Кралство

12-то место го држи Австрија

11 Луксембург

10 Германија

9 Нов Зеланд

8 Австралија 7

Швајцарија

6 Канада

5 Финска

4 Холандија

3 Норвешка

2 Шведска

Данска е 1 место со максимално добиени бодови

Македонија не е меѓу 80-те опфатени со анкетата. Но според минатогодишната ранг листа на земји според почитувањето на еднаквоста на половите на World Economic Forum,   Македонија е рангирана на 67 место веднаш по Босна и Херцеговина и пред – Танзанија?!