Вранишковски навива за смена на поглаварот на БПЦ

Аферата со МПЦ – причина за смена на бугарскиот Патријарх Неофит, пишува профилот Соборно Православие зад кој стојат луѓе блиски на ПОА на Јован Вранишковски.

“Покажаната неодлучност во дејствувањето по ова прашање, фактот дека не изусти ни збор за МПЦ на средбите со московскиот и со цариградскиот патријарх, како и сервилноста демонстрирана кон бугарскиот политички естаблишмент по прашањето за улогата на Русија во ослободувањето на Бугарија, ги засилија барањата за негова смена од патријаршискиот трон”, пишува во текстот во кој се цитира анализа на порталот фактор.мк кој во Бугарија важи за проруски медиум со сомнителен квалитет и кој е познат по лажните вести што ги објавува.

Највпечатлив показател за ваквите најави е преседанот што патријархот е исклучен од процесот на варење свето миро, кој од страна на синодот му е доверен на Великопреславскиот и Варненски митрополит Јован, пишува порталот.

Според “Соборно Православие” каков ефект ќе има тивкото отстранување на Неофит врз односите на БПЦ со МПЦ, ќе може да се види уште на Велики Четврток, за кога е предвидено со служење на Света Литургија, свечено да заврши процесот на варење свето миро.

Од тоа дали на тој чин ќе биде поканет да присуствува и архиепископот Стефан, ќе се види дали БПЦ и понатаму останува посветена на бугарската национална кауза да ја асимилира МПЦ.

Доколку поглаварот на МПЦ – ОА не биде поканет во Софија тоа за ПОА е знак дека БПЦ се откажува од признавањето на македонската православна црква