Ставре Јада утре ќе настапи во трката поточно тоа се прво квалификации со неколку филтри во дисциплината 1500 метри во нордиското трчање. Ова не е најсилната страна на младиот Крушевчанец кому подобра дисциплина треба да му се 15 килиметри што ќе ги трча на 16 февруари. Јада во машкиот спринт со класичен стил во нордиското трчање е со стартен број 79, а планот е во првиот круг квалификации да тргне во 8 и 35. Натамошните негови настапи ќе зависат од постигнувањето, пласманот и времето во првиот круг.