Врз Македонија можат да паднат остатоци од кинеска вселенска станица

Врз територијата на Македонија можат да паднат делови од кинеската вселенска станица Тиангонг 1, предвидуваат од Европската Вселенска Агенција.

Експерт на европските вселенски власти предупредува дека остатоците од кинеската станица веројатно е паднат меѓу 42 и 43 паралела во северната хемисфера.

Падот на остатоците се очекува меѓу јануари и март идната година, но засега не може да се предвиди поточно ниту локацијата на падот ниту времето во кое тие ќе ја допрат земјата.

На оваа географска ширина во Европа се Шпанија, Франција, Италија, Албанија, Србија, Македонија и Бугарија.

Движењето на кинеската вселенска станица се набљудува од сите поголеми држави во светот како и од ЕВА со цел да се утврди точната локација на колизијата со земјата но засега научниците не се во можност да објават каде тоа ќе се случи.

Науката засега само може да вети дека веднаш откако ќе бидат откриени точните координати и времето на падот јавноста ќе биде информирана и граѓаните ќе знаат како да се однесуваат во вонредната ситуација.

Кинеската вселенска станица Тиангонг е празна од 2013 година а во 2016 година кинеските власти изгубиле контакт со леталото. Станицата позната под името „Рајска палата“ е долга 13 метри и тежи 8,5 тони.

Со забрувањето при падот на земјата дури и најмалите делови на леталото можат да предизвикаат огромни штети доколку паднат во густо населени места.

Во моментов станицата кружи околу земјата на далечина од 300 километри но растојанието се намалува. При влезот во атмосферата се очекува голем дел од леталото да изгори но поради неговата големина се очекува големи парчиња од остатоците да дојдат до земјата.

Оставете коментар