Loading...

Во Јужна Амерка, а каде на друго место, е видена нова примена на знаменцето кое стои на секој агол од фудбалскиот терен. Имено, по крајот на мечот на Уругвајскиот Ривер Плејт и Еквадорскиот Индепендиенте од младинската континентална шампионска лига, во кој гостите победија со 3-2, домаќините сакаа, како што е тоа обичај и кај нас, да им „соопштат“ нешто на радосните противници.

Но не оди така, зошто халфот на Индепендиенте Анхел Пресијадо се сети на помошниот реквизит, кој можел да се користи и во одбрамбени цели. За среќа не го користеше многу и единствено во самоодбрана.