Српскиот претседател Александар Вучиќ се состанал со заменик-претседателот на Управниот одбор на Фондот „Отворено општество“, Алекс Сорос.

Алекс Сорос е постар син на милијардерот Џорџ Сорос, со кој Вучиќ се сретнал кон крајот на септември во Њујорк.

Како што вели Вучиќ, тие сакале да слушнат кои биле српските ставови за настаните на Балканот, ситуацијата и иднината во регионот.

„Тоа беше можност да ги пренесеме нашите ставови на најразновидните, најважните места во светот и да слушнеме како размислуваат сите оние кои немаат обврска секогаш мислат како нас“, објасни Вучиќ.