Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека на меѓународната заедница, која е гарант на договорот со Косово што се води во Брисел, ништо тој не верува кога е во прашање основањето на Заедницата на српски општини на Косово (ЗСО).

„ Јас не им верувам ништо. Пет години ме лажат“ изјавил Вучиќ.

Како што пренесе Б92, тој рекол за Албанците дека дека се миленичиња на меѓународната заедница (САД и многу европски држави) која им направи независна држава, но не можат да ги убедат косовските Албанци да го исполнат ветеното.

Тој, исто така, рече дека не очекува „ништо“ од Специјалниот суд за ОВК и потсети дека и по 14 години од од ужасниот погром, убиства, протерувањето на Србите и рушењето на цркви во Косово никој не одговарал.

„Толку за ЕУЛЕКС и за меѓународна правда”, рече Вучиќ.