Актуелниот премиер и победник на последните претседателски избори во Србија, Александар Вучиќ планира формално да ја преземе новата функција на 20 јуни, дознава дневниот весник Данас. Непотребното оддолжување се должи на два момента кои бараат многу внимание од Вучиќ. Првиот е избор на нов мандатар на владата, а вториот е страв од радикализација на тековните протести во Белград и во поголемите градови во Србија.
Ако се покаже точно, на нашиот северен сосед му претстои вакум бидејќи на сегашниот претседател Томислав Николиќ мандатот му завршува на 31 мај, но Вучиќ за сега нема сигурно име за наследник во владатам и затоа не излегува со конкретен предлог и решение, иако тој мора да дојде од токму него и од неговата партија СНС.
Во меѓувреме иницијативата ” Протест против диктатурата” и неколкуте слични движења кои подолго време заедно протестираат против власта и сметаат дека последните избори биле нерегуларни, не кријат дека на денот на инаугурацијата на Александар Вучиќ ќе ги повикаат своите приврзаници на масовни протести. Некои дури, како што пренесува Данас, размислуваат и за радикализација на истите.

SHARE