Вујкото на Ахмети пак се заканува со војна

Loading...

Фазли Велиу, екс идеолог на ОНА вели дека не сака војна но зборува за таква можност и се заканува дека Албанците во државната администрација нема да ги почитуваат македонските закони и устав туку ќе се одзват на повиците на своите сонародници ако има конфликт.

-Ние не сакаме да се бориме со оружје, се боревме кога требаше и ја победивме Србија и нејзините сојузници, но нека се знае дека момчињата кои се во Владата, Парламентот, полицијата и војската, ако треба ќе ја соблечат облеката и ќе дојдат на страната на луѓето, порача денеска некогашниот водач на УЧК, и вујко на Али Ахмети, Фазли Велиу.

На годишнината (17 години од почетокот на војната во Танушевци на 16.02.2001), што во Скопје си ја одбележа ОНА/УЧК по повод на првите нивните жртви во селото, се оддржа меморијална конференција на која се обратија и други команданти. Присутните им изразија почит на нивните загинати членови во 2001.