Вујовиќ разочаран од судењето, но коректен, со честитки за Македонија

Селекторот на Словенија, Веселин Вујовиќ, изјави дека ќе има тешка мисија да ги подигне своите играчи за дуелите против Германија и Црна Гора по поразот од Македонија од 25:24 на стартот на Европското ракометно првенство во Хрватска.

Популарниот Вујо, поранешен селектор на Македонија и екстренер на Вардар, вели дека тимот на Раул Гонзалес заслужено победил, пред да се осврне на судењето на Романците Дину и Дин.

„По 43 години во ракометот, очигледно, не ги познавам правилата, не го познавам критериумот на судиите, не разбирам зошто во поголемиот број примери беа исклучени моите играчи“, изјави Црногорецот, според кој судиската двојка многу придонела за поразот, иако не пропушти да каже и дека неговите избраници не биле на потребното ниво.

Вујовиќ по мечот во Загреб имаше мала расправија на записничката маса, за потоа да се пожали дека неговите играчи не можеле да се прилагодат на судискиот критериум.

 

Оставете коментар