Loading...

Синоќешниот протест во Скопје, запаленото грчко знаме, интервјуто на премиерот Зоран Заев и демантот од владата, добија сериозен  третман во грчките медиуми. Беа присутни и во централните изданија на вестите на грчките телевизии, но и во онлајн изданијата на весниците, како и во информативните портали, јави дописникот на МИА од Атина.

„Протест на националисти во Скопје – го запалија грчкото знаме“; „Радикални Скопјани бараат итен прекин на преговорите во ОН“; „Скопје: радикализам од националисти – црвени линии од Заев“ се дел од насловите под кои грчките новинари ја објавија веста за протестот во Скопје, се некои од насловите кои осамнаа во грчките печатени медиуми во врска со синоќешниот Собир за заштита на името Македонија, јавува допиникот на МИА од Атина.

Запаленото грчко знаме, интервјуто на премиерот Зоран Заев за Ројтерс во кое беа „соопштени“ четирите македонски предлози за идното име,па демантот од владата беа вест и тема и во централните изданија на вестите на грчките телевизии..

„Голем број од демонстрантите имаа знамиња со сонцето од Вергина, додека, пак, некои од нив, го запалија грчкото знаме. Меѓу учесниците беа и митрополити од расколничката православна црква на ПЈРМ кои му се обратија на народот“, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА.

Речиси сите грчки медиуми пишуваат дека на протестот учествуваа околу 5.000 лица, кои побараа да нема никаква промена на уставното име и никаква измена во Уставот, јави МИА.