Loading...

Најмал проблем ќе им биде Берово и Радовиш, проблем е што шерифи и генералисимуси ги узурпираа институциите и ТИЕ толкуваат што е закон, и што е среќа и што е приоритет.

ЖИВОТ немет! Не им е на крај на памет. Најголемата победа на оваа влада е националистичка и автократска по својата суштина, вели универзитетската професорка Билјана Ванковска во својот денешниот пост на Фејсбук профилот откако претходно напиша дека по вчерашното „изгласување“ на Законот за јазиците тој чин заслужува барем една минута молк.

„ Во рамки на консоцијациска (рамковна, power-sharing) ‘демократија’ прво страда демократијата (власта на народот, од народот и за народот, во смисла на демос) и второ, владеењето на правото е НЕВОЗМОЖНО! Значи, секој евентуален нов почеток не може да биде надградба на сегрегацијата и уривањето на институционалните и правни темели на државата, со волунтаристичко проширување на Рамковниот договор. Да имплементираш етнократија и демократија е како да мешаш масло и вода. Толку едноставно!
Законот за јазиците, како велат бранителите, го решавале прашањето на среќата на Албанците (pursue of happiness?!) и на нивната лојалност кон државата. Во нормални држави, лојалноста, односно граѓанската поврзаност со политичката заедница лежи во ЗАКОНОТ сфатен во генеричка смисла на зборот, а не во племенски договори на поглавици, кои притоа имаат и закашкани раце – што со крв, што се тендери, што со поткупи…
Вчера, конечно, Ѓекна умре –вели Вановска и продолжува:

„Идејата/надежта за правна држава во Македонија умре пред очите на сите нас, а едвај некој и да се вознемири. Опозицијата е падната од Марс, дава завет дека ќе била конструктивна и ќе се борела за реформските закони! Дали се нормални, се прашува човек? За какви реформи и за каква европеизација ќе зборувате после вчерашниот срамен перформанс, и на власта и на опозицијата.

Ми вели еден новинар вчера, и тоа оклештен и среќен: професорке, ама нема гајле, се договориле партииве ЗУЈ да падне на Уставен суд.

Го гледам и се чудам: ако партии се договараат како ќе одлучи Уставен суд, со тоа само покажуваат дека ни Устав има, ни Уставен суд постои. Ако вчера можеа да го донесат законот на таков скандалозен начин, утре и тенкови на улица нека не ве изненадат. Овде не станува збор за јазички права, овде колатерална жртва е владеењето на правото и газењето на уставот како да е безвреден смет.
Македонската држава вчера се самораспушти. Албанците се можеби среќни, но среќата кратко ќе им трае зошто беззаконието е она што ќе не’ мачи сите заедно, а не комуникацијата со државата (која и онака е партизирана, неспособна, запуштена)“.