Loading...

Руски „Газпром“ размислува да го зголеми својот акционерски дел во компанија Србија АГ која има седиште во Швајцарија и формирана за изградба на српскиот дел од проектираниот гасовод кој ќе носи руски гас Европа.

Гласањето за одлуката за зголемување на акциите во гасоводот Јужен тек Србија ќе се најде на дневен на состанокот на одборот на директори на „Гаспром“, планиран за 13 февруари, се вели во соопштението на компанијата.

„Гаспром“ моментално има 51 отсто од акциите во Јужен тек Србија, додека српскиот гасен монопол Србијагас контролира 49 отсто од акциите.

Минатиот месец, српската премиерка Ана Брнабиќ рече дека земјата очекува наскоро да почне со изградба на гасовод под име „Српски тек“.Името на компанијата Јужен тек Србија ќе биде променето во Српски тек, преку кој ќе се транспортира руски гас преку Бугарија.

„Јужен тек“ беше замислен како проект за испорака на руски гас преку гасовод под Црното Море во Бугарија и преку Србија, Унгарија и Словенија на запад кон Австрија.

Во декември 2014 година, Европскиот парламент усвои резолуција против спроведувањето на проектот „Јужен тек“ и препорача алтернативни извори на снабдување со гас за Европската унија.