Известувајќи за протестот во Скопје за одбрана на името на државата Република Македонија и на македонскиот идентитет, британскиот весник „Гардијан“ пишува и дека илјадниците демонстранти на плоштадот ги обвиниле власта и опозицијата за национално предавство.

„Протестантите побараа од премиерот Зоран Заев да ги прекине разговорите со Грција за прашањето за името. Тие сакаат и резолуција на ОН со барање за признавање на земјата под нејзиното уставно име Македонија. Тие исто така ги обвинија Владата и главната опозициска националистичка партија ВМРО-ДПМНЕ за предавство на националните интереси“, пишува во написот на дневниот лист од Лондон насловен „Македонците протестираат против договор со Грција за промена на името“.