Гаши: Касами со фалсификати се бори да ја уништи партијата

ФОТО: НОВА ТВ

Движењето БЕСА, на чело со Африм Гаши го обвини Билал Касами дека нелегално ги променил имињата на членовите на Централниот одбор. Гаши му се закани со кривична пријава, додека Касами се подготвува за, како што неодамна го најави, првиот голем конгрес на партијата закажан за утре во хотелот „Холидеј ин“.

„Крушата излезе со опашка. Сценарио е откриено, а наскоро ќе се соочи со кривична пријава“, порачува Гаши.

Меѓу имињата на сопартијците кои со кои Касами го организирал сценариото е и пратеникот Фадил Зендели.