Федералниот суд во Германија пресуди дека градовите во таа земја имаат право да го забранат движењето на автомобили со дизел мотори во урбаните области со цел да се намали загадувањето на воздухот.

Ова, како што пренесуваат медиуми, ја вознемири германската јавност дури и пред да биде донесена пресудата, поради можни последици за домашната автомобилска индустрија, која преходно беше потресена од аферата „дизелгејт“ .

Пресудата може да има далекусежни последици за германските производители на автомобили, кои со децении голема мера беа насочени кон унапредување на технологијата за производство на економичн дизел мотори, кои се мали потрошувачи, но за кои се испостави дека имале лажен софтвер кој го покажува нивото на штетните гасови што ги испуштаат.

Судот одлучи дали градовите имаат право да забранат движење на одредени видови на возила – особено оние со дизел-мотори – во населбите каде што загадувањето на воздухот е постојано на високо ниво.

Тужбата беше покрената од страна на непрофитна организација за заштита на животната средина и поттикната од зголемено загадување во 70 германски градови со најлош квалитет на воздухот. Во жалбата, организацијата се повика на стандарди кои се пропишани во Европската унија.