Германската железница „Дојче Бан“ го претстави своето првото возило без возач. Тоа е „паметното“ урбано возило што поминува низ улиците на германската бања и патниците ги вози до железничката станица.

Првите тури на ова електричен комбе, кое може да превезува 12 патници, биле направени во Бад Бирнбах во Баварија, јужна Германија.

Комбето, дизајнирано од француската компанија „EasyMile“, бесплатно ќе поврзува од железничката станица до центарот на градот и бањата.

„Ние само што влеговме во нова ера на јавниот превоз“, рече генералниот директор на германските железници Рихард Лук.

Оставете коментар