Германија заговара укинување на Шенген!?

Loading...

Новиот министер за внатрешни работи на Германија Хорст Зеехофер повика на укинување на Шенген и побара засилена гранична контрола, информира „Дојче веле“.

ЕУ не ги контролира надворешните граници, рече Зеехофер и истакна дека Германија треба да го разгледа зајакнување на пограничниот контрола.

„Треба да се воведат внатрешни погранични контроли, додека ЕУ преземе ефективна контрола над надворешните граници. Не гледам тоа да се случи во блиска иднина“, рече тој за весникот „Велт ам Зонтаг“.

Министерот за внатрешни работи, исто така ја обвини ЕУ дека прифатила бескорисен став кон земјите од Источна Европа во врска со плановите за раселување на бегалци во Унијата.

Тој прeдлага поголемо финансирање за заштита на границите намeсто прием на бегалци.