Германија заплисната од нов бран бегалци дојдени и преку Македонија

Германскиот магазин „Фокус“ пишува дека трговци со луѓе ја оживуваат балканската рута, па Германија месечно е заплисната со 15.000 бегалци што доаѓаат преку Бугарија, Македонија, Романија и Унгарија.

Списанието се повикува на доверлива анализа на Федерална разузнавачка служба (БНД) и на истраги спроведени од Федералната полиција, а приливот се должел на масовен поткуп на граничната полиција во наведените земји. За да стигнат до Германија бегалците плаќаат до 8.000 евра по лице.

Идниот државен секретар во Сојузното министерство за внатрешни работи, Штефан Маер, се залага за затегнување и за продолжување на граничните контроли, посебно меѓу Австрија и Германија, кои престануваат во мај.