Германија не ја пушта Бугарија во еврозоната!

Бугарија,- „стратешкиот агол“ на Европа, вложува големи напори да се приклучи на Еврозоната, но, постојат сопирачки, и тие доаѓаат од Германија.

Иако Бугарија исполнува техничките критериуми за влез во Еврозоната, како и кон просторот за слободно движење, познат како Шенген, во Берлин не сметаат дека земјата е подготвена за тоа, пишува „Блумберг“.

Иако германската канцеларка Ангела Меркел изјави во јуни минатата година дека сака Бугарија да се приклучи кон еврозоната „што е можно побрзо“, сегашните пречки во процесот покажуваат дека постои разлика меѓу политичките декларации и реалноста, особено кога станува збор за финансиски прашања.

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во септември изјави дека Бугарија, заедно со Романија, треба да станат дел од Шенген „веднаш“, бидејќи и двете земји ги исполнуваат сите технички барања, пишува „Вести.бг“.

Според европски дипломати, стравувањата околу подготвеноста на Бугарија произлегуваат од можностите за зголемување на инфлацијата, но и нивото на корупцијата во Бугарија – кое е највисоко во ЕУ, според „Транспаренси интернешенел“.