Германија побара место во Советот за безбедност на ОН

epa06397436 The United Nations Security Council holds a meeting about the situation in the Middle East including Palestine at United Nations headquarters in New York, New York, USA, 18 December 2017. EPA/JUSTIN LANE

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, повика Германија да добие место во Советот за безбедност на ОН во 2019 и 2020 година, пренсе Дојче Веле.

Берлин е подготвен да преземе поголема одговорност, изјави Мас пред ОН.

Тој потсети дека Германија е втор најголем донатор на светската организација и втора по големина држава во однос на придонес во мировните мисии. Во

2017 година, придонесот на Германија во буџетот на ОН изнесува 3,4 милијарди евра, а во мисии се вклучени 1.300 германски мировници.

Советот за безбедност вклучува пет постојани членки (САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина) и десет непостојани членки. Секоја година, Генералното собрание на ОН избира пет непостојани членови за мандат од две години на географска основа.

1 Коментар

  1. Оваа би претставувала промена на Повелбата на ООН и на нас не ни оди во прилог. Ќе добиеме уште една АКТИВНА земја во Советот за безбедност која нас не не признава под уставното име. Со изолационизам на Трамп ни се зголемени шанси за битката за Името, а со некоја Германија шансите за стратегиските цели со Името за Македонија се намалуваат! За среќа Амандмани на Повелбата тешко се прават. Со високи квалифицирани мнозинства.

Comments are closed.