Германија против едногласно одлучување во ЕУ!

Loading...

Министерството за надворешни работи на Германија го поддржа предлогот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер за укинување на принципот на едногласност за време на гласањето во Европската унија во врска со надворешно-политички прашања.

„Принципот на едногласност овозможува оние кои сакаат однадвор да внесат раскол во ЕУ лесно да ги остварат своите цели“, изјави државниот министер во германското МНР, Михаел Рот во интервју за „Дер Шпигел“.

Во прилог на вакво решение се огласи и експертот за надворешно-политички прашања Јирген Хард според кој „можноста да се донесуваат одлуки со мнозинство би била во прилог на арсеналот на европската надворешна политика. Тоа ќе ја зголеми способноста на Унијата да дејствува“, вели тој во интервју за весникот.

Комесарот на ЕУ за проширување Јоханес Хан изјави дека во иднина би било можно некои одлуки кои се однесуваат на новите земји членки да не се донесуваат едногласно.

Станува збор за технички решенија во процесот на преговорите на ЕУ со земјите-кандидатки. Но одлуките за прием на нови членови се “толку важни“  што ќе треба да се донесуваат едногласно“, мета Хан.