Германските градови се уморија од мигрантите

Loading...

Сојузот на германските градови и општини им предложи на локалните власти да им откажуваат гостопримство на мигранти и бегалци. Оваа мерка доаѓа како резултат на “проблемите“ при интеграцијата, вели претседателот на Унијата Герд Ландсберг.

Властите во малите населби, каде што ќе оценат, треба да одбијат да прифаќаат мигранти. Таквите ограничувања се неопходни ако „товарот е превисок”, изјави Ландсберг во интервјуто за „ Funke Mediengruppe“.

Ваквата одлука доаѓа и по признанието на канцеларката Ангела Меркел дека не успеа интеграцијата на мигрантите кои ја поплавија Германија во 2015-2016 година, а сега тоа го признаваат и германските градови.

Ландберг вели дека мигрантите се нерамномерно лоцирани во регионите поради што новодојдените не секогаш имаат пристап до неопходните услови за интеграција како што се јазичните курсеви, живеалишта и слободни места во градинките и училиштата.

Премиерот на покраината Саксонија, Михаел Кречмер, покажал разбирање кон одбивањето на некои општини да примаат странци, како што се Фрајбрег и Залцгитер. Таквото решение не е резултат на неподготвеност, туку на проблеми, истакнува политичарот.

Во 2017 година поранешниот заменик-канцелар Зигмар Габриел изјави дека градовите сами треба да го одредат бројот на мигрантите кои сакаат да ги прифатат, а како поттик, државата да ги покрие трошоците за нивната интеграција.

Според податоците на Федералната канцеларија за миграции и бегалци максималниот број барања за азил имало во 2016 година – 745 000. Во минатата година нивниот број е намален на 222,900, а за првите два месеци од оваа година се беа примени вкупно 30.600 барања.