Селекцијата на Германија е победник на сениорскиот репрезенативен турнир што деновиве се одржуваше, а вечерва заврши во Русија, а е познат како Куп на Конфедерациите. Бундес тимот во финалето во Санк Петербург го победи Чиле со 1-0 со гол на Штиндл во 20-тата минута. Со тоа светскиот првак беше подобар од Јужноамериканскиот шампион во фудбалско натпреварување кое е најава на Светскиот шампионат што до година се одржува во истата земја, во Русија. Во предигра на финалето рано попладнево во Москва се одигра дуелот за третото место во кој Португалија со пресврт славеше против Мексико со 2-1.