Новинарот Бранко Героски денеска објави подолго „обраќање“ до обвинителката на Јавното обвинителство; фатиме Фетаи, откако таа го спомнала во синоќешниот „стенд ап“ настап на трибината во рамки на годинешното издание на „Пичприч“. Фетаи зборуваше за женските права, родовото стереотипизирање, за фамата која ја прават медиумите при секое нејзино појавување во јавност и позицијата на жените во општеството, а посебно се задржа на „обвиненијата“ дека излегувала во диско, дека имала проблематичен вкус за музика…

„Откако веќе ме спомнавте на трибината со наслов „Пич прич“ – пишува Героски – и кажавте дека сум ве обвинил затоа што сте оделе во диско и затоа што сте (еманципирана?) жена, а вие, пак, сте сте „бранеле“ со молчење, бидејќи не сте го разбрале „обвинението“… да бидам искрен, како за пич прич, односно за малку препичуење со микрофон, ова ви е досега најуспешниот естраден настап. Има метафора, тоа ми се допаѓа. За жал, пред овој настап, вие бевте главната ѕвезда и во една друга, дводелна филмувана драма, во која заедно со вашите две колешки ѝ се претставивте на јавноста како обвинителки, но и како – приватни личности. Така што, објективно, јавноста има прилично јасен увид во вашиот професионален и приватен хабитус“.

Во подолгиот напис, Героски вели дека е дека Фетаи е идол и своевиден „пич-симбол“ на огромна маса луѓе, значи апсолутно свесен за таа нејзина звезде-гранда-аура, тој под полна морална, материјална и естетска одговорност, јавно изјавува дека -, едноставно, не е негов тип. И меѓу другото ѝ порачува:

????????????????????????????????????

„…почитувана Фатиме Фетаи, свесен за фактот дека сте идол и своевиден пич-симбол на огромна маса луѓе, и од понежниот и од погрубиот пол, вклучувајќи и многу сериозни луѓе кои се лигават врз тастатурите штом на интернет ќе се појават вашето име, вашата фотографија или вашиот карактеристичен говор пред камерите, значи апсолутно свесен за таа ваша звезде-гранда-аура, под полна морална, материјална и естетска одговорност, јавно ви изјавувам дека вие, едноставно, не сте мој тип!

Простете ми на искреноста, но жена што пуши пред камера, жена што изјавува дека нема поубав јазик од српскиот и најстрашно од сѐ, жена што ни кажува дека омилена музичка ѕвезда ѝ е Аца Лукас, плус тоа жена што носи чанта „Гучи“ а потоа фановите ја бранат со објаснување дека станувално збор за реплика (леле, леле, леле!), едноставно, кај мене не пали. По ниедна основа. Дури ни на ниво на најпримитивната, примарна естетска сензација. Мојата молчалива пластична пријателка од „Артурс“ барем не успева да ме разочара и за неа дури имам некакво мислење. Имено како „за жена“. За вас, госпоѓо Фетаи, едноставно, немам никакво мислење.

Да не ме разберете погрешно, обвинителке, за разлика од многу ваши фанови, јас од моите „три грации“ (хахахахах!), никогаш не сум очекувал да ме очараат во онаа смисла во која вие ја егзалтирате вашата публика и уживате во тоа. Затоа и не можете да ме разочарате. И секако, ве уверувам дека не зборувам од позиција на надменост, од некакви „олимписки“ височини, од кои би се трудел да се прикажам како некаков ерудит, познавач на музиката и уметноста, сестран интелектуалец и слично. Било па прошло! Искрено ќе ви кажам дека поприлично сум за’рѓал во тој поглед – кој знае од кога не сум бил во театар, успевам да најдам време и сили да прочитам одвај по една книга месечно и по неколку стручни статии од мојата област, кога патувам (ретко) надвор од жабурнаков стасувам да влезам во најдобрите музеи, а врската со музиката ми ја одржува главно фреквенцијата 100.8 која никогаш не се менува и на радиото дома и во автомобилот. Верувајте, тоа е помалку или повеќе сѐ со што би можел да ве импресионирам.

Но, има тука едно големо „но“, госпоѓо Фетаи. Убавината можеби не е прерогатив на младоста, но факт е дека таа со неа се раѓа и потоа се негува или се губи. Има книги што мора да се прочитаат на возраст од 15 до 17 години, ако не и порано. Јас сум еден од онаа мала група луѓе од мојата генерација, која не го пропушти тоа задоволство. Некои од нас не пропуштија на нашите симпатии и први љубови да им ги рецитираме Пушкин и Бодлер, на пример, а јас им пишував и стихови. Заедно со тие девојки ги гледавме најдобрите филмови во кино, најдобрите претстави во Драмски, ги купувавме најубавите албуми и си ги подарувавме со најубавите стихови од тие албуми (од Арсен Дедиќ, на пример, ако нешто ви значи). Купувавме постери од најдобрите мајстори на модерното сликарство. Да, имаше и во наше време турбо-фолк и многубројни поклоници, но ние одевме на рок концерти, низ цела Југославија. Но се „ложевме“ и на Росини, на Моцарт, на Брамс…

Штом ми го спомнувате Аца Лукас, госпоѓо Фетаи, со стручна споредбена анализа на Жељко Јоксимовиќ (хахахахах!), јас сфаќам дека вие сте биле и сте дел од еден друг свет. Вие не сте жена во која би можел да се заљубам да имам 27 години, да пријателувам да имам 35 години, да ве загледувам да имам 45 години или да ве коментирам „како жена“ сега, на возраст од 56 години. Убавите жени од мојот живот и од мојата младост (од кои некои, за жал, веќе се на оној свет), живеат во друг универзум“, пишува Героски.

1 Коментар

  1. не минсе верува дека некој кој што сака да се претставува како стручен нивинар го започнува писмото со ПОЧИТУВАНА,а подолу пишува дека повеќе сака некоја пластична кукла и други нешта и т.нИ кас не го сакам и не го почитувам Аца Лукас,ама не значи дека не треба да се дружам со луѓе кои мислат поинаку за него

Comments are closed.