На маргините на прес конференцијата на која денеска во Скопје, ФК Академија Пандев ги соопшти своите планови и желби за деби сезоната во Првата фудбалска лига, долги години најдобриот македонски фудбалер призна дека сака по секоја цена да остане во Италија. Тој на Апенините е 16 години, со исклучок на една сезона која ја мина во Галатасарај, и логично е што понудите од Кина, Јапонија, Турција се второ степени.

“Не кријам дека моја желба е да ја завршам кариерата во Италија, иако има понуди од Кина, Јапонија, Турција, Полска. Сите тие понуди се отворени на маса, но јас пред се гледам да останам во Италија каде и моето семејство е веќе адаптирано на целокупниот живот. Како и да е, не сакам да избрзувам, а во текот на следниот месец ќе биде позната мојата следна дестинација“, вели 34. годишниот струмичанец кому договорот со Џенова му заврши и за сега нема најава дека би бил продолжен.

SHARE