Loading...

Компанијата ТАВ Македонија, која стопанисува со скопскиот аеродром, од утрово почна со демонтирање на „старото име“ на аеродромот.

Со одлука на владата и со образложување дека Македонија демонстрира подготвеност за градење мерки на доверба, сменети се имињата на скопскиот  аеродромот и на автопатот.

Досегашното име „Александар велики“ на аеродромот ќе биде заменето со Меѓународен аеродром – Скопје“, а пред неколку дена почна отстранувањето на 25 патни табли на автопатот „Александар Македонски“ кој е преименуван во „Пријателство“.