Го имаме: најдобриот “шофер” меѓу фудбалерите?

Напаѓачот на Ленс Абиб Абиби пред извесно време е фатен да управува моторно возило без дозвола што ја предизвика француската полиција да го санкционира. Таа односно судот потоа му одредија парична казна од дури 12 илјади евра и плус пет години во кои не смее да управува автомобил, а и поршето со кое е фатен е конфискувано.
На вака драконската постапка на властите кон играчот кој потекнува од Централната африканска држава логично беше поставено и прашањето зошто толку строго, а одговорот е фрапантен.

Имено 30. годишниот Абиби до сега во Белгија, Турција и Франција само во последните неколку години е казнет 85 пати, а платил 34 пати.