Откако бугарскиот премиер Бојко Борисов се пошегувал дека во светот постојат две работи кој човек не може да ги бира: родителите и претседателот на Русија, му одговори портпаролката на руското МНР.

Марија Захарова, му понуди руско државјанство на бугарскиот премиер Бојко Борисов, објави ТАСС.

Захарова предложила Бојко Борисов да добие државјанство за да може да гласа на избори за претседател на Русија.

Причината за провокативниот предлог е споменатата шега на бугарскиот премиер.

Марија Захарова

„Тој има шанса – тој може да добие руско државјанство и да гласа за претседател на Руската Федерација“, рече Захарова.

„Соништата се остваруваат“, додаде иронично Захарова.

Претседателските избори во Русија се закажани за 18 март 2018 година.

Осум кандидати се борат за функцијата.

Оставете коментар