Грчките пратеници ја одобрија продажбата на 67 отсто од акциите на пристаништето во Солун, со договор вреден 232 милиони евра (285 милиони долари).

Парламентот го ратификуваше договорот со кој Солунското пристаниште се дава под концесија до 2051 година, а кој беше потпишан во декември со конзорциумот South Europe Gateway Thessaloniki.

Конзорциумот е составен од германскиот Deutsche Invest Equity Partners GmbH, грчко-руската Belterra Investments и францускиот Terminal Link SAS, јавува АП..

Одобрението доаѓа по одлуката за приватизацијата на најголемото грчко пристаниште во Пиреа во 2016 година, кога мнозински удел беше продаден во кинеската Cosco Group.

Грчката левичарска влада е посветена да продолжи со реформите за намалување на трошоците и со приватизацијата, по завршувањето на меѓународната финансиска помош која завршува во август.

Се очекува владата на доверителите во април да им претстави план за развој од кој ќе зависат олеснувањата на огромнуиот долг на земјата.