Грците убедени дека новото име ќе биде повеќе „по мерка“ на соседот

Решението за името ќе биде поблиску до македонските позиции отколку до грчките црвени линиии, сметаат над половина од испитаниците во анкета на грчката ТВ „Action24”

Дури 57,1 отсто граѓани сметаат дека решението на спорот ќе биде повеќе по мерка на Скопје, додека само 26,9 проценти мислат дека ќе одговара на грчките позиции, пренесува дописникот на МИА од Атина.

Анкетираните одговарале на прашањето „Сметате дека решението што ќе се одбере за име на Скопје е поблиску до она што го бара Грција или до она што го бара Атина“, а секои 6 од 10 анкетирани се изјасниле дека тоа ќе биде во корист на северниот сосед.

1 Коментар

Comments are closed.