Албанија се согласила да ѝ дозволи на Грција да ги прошири територијалните води на 12 милји од брегот, што е максимално дозволено со Конвенцијата на ОН за поморско право.

Овој договор ќе биде потпишан до април, кога грчкиот премиер Алексис Ципрас ќе ја посети Албанија.

Во интервју за грчката телевизија „Алфа“, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас изјави дека двете земји го затвориле пакетот отворени прашања кои се влечат 70 години.

„Морам да кажам дека имавме отворени проблеми со два од нашите северни соседи, со Скопје и со Албанија. Пред еден месец, го затворивме пакетот (со Албанија…) и верувам дека ова е добра работа. Земјата не треба да има отворени прашања “, рече министерот Коциас во интервјуто.

Досега нема официјални реакции ниту од албанскиот министер за надворешни, Дитмир Бушати, ниту од премиерот Еди Рама, дали  изјавата на Никос Котиас се вистинита или не, пишува албанскиот портал Exit.al..

Министерот Бушати, неодамна одби да зборува за договорот. Тој само рече дека „тој ќе биде фер“ и дека „двете држави ќе излезат од процесот на преговори со чувството дека добиле нешто е тоа“.

Порталот констатира дека договорот е затворен на политичко ниво и во отсуство на транспарентност и дека секој институционален напор што се прави во земјата се чини дека служи само за да ја оправда одлуката на Рама да прости 12 милји Албанско Море на грчката држава.