И Грчева на протестот за името: Заедно да кажеме дека нема веќе распродажба!

Loading...

Солза Грчева ги повика членовите и симпатизерите на партијата Глас за Македонија формирана завчера да присуствуваат на семакедонскиот протест за одбрана на името на државата и на македонскиот идентитет закажан за вечерва од 18 часот пред Мисија на Европска унија во Скопје.

„Јас ќе бидам на протестите. Сите симпатизери, членови и поддржувачи на ГЛАС за Македонија ги повикувам заедно да кажеме дека нема веќе распродажба. Заврши!
Достоинствени, како што ни доликува. Не потпаѓајте на провокации, на лажни вести и спинови. Ќе нè има секакви, но едно е важно: во право сме!“, порача поранешната пратеничка на СДСМ преку својот профил на „Фејсбук“.

Во овој контекст Грчева го критикува ВМРО-ДПМНЕ за оградувањето од протестот.

„По изјавата на ВМРО дека само го поддржувале демократското право на протести (како да некој има право да забрани протести гарантирани со Устав), зрели се да се самоексплодираат. Ова е за рубриката ‘верувале или не’“, регира таа.