Грчка министерка тврди дека “сега му е мајката” за името

Loading...

Грчката министерка за административна реформа Олга Геровасили смета дека преговорите меѓу Македонија и Грција се наоѓаат во идеален моментум која грчката влада, како и секоја друга одговорна влада, го искористува водејќи сметка за националните интереси.

– Во овој момент, преговорите се во тек под покровителство на Обединетите нации. Се прават значителни напори и од двете страни. И покрај она што го кажува Мицотакис, (дека во овој момент нема околности за решение н.з) моментумот е идеален. И ја користиме оваа ситуација, како што би направила секоја одговорна влада, покажувајќи разумност, преговарачки способност, а имајќи ја како единствен водечки критериум, одбраната на нашите национални интереси – вели Геровасили во интервју за грчката новинска агенција АПЕ-МПЕ.
Таа ги повторува грчките позиции за сложено име ерга омнес и објаснува дека ако не се постигне конечно решение, тогаш ќе се случи она што ги плашело оние кои излегле на протестите во Солун и Атина.

– Денес над 100 земји, ПЈРМ ја имаат признаено како „Македонија“. Сакаме ова да остане вака? Нѐ интересира да се реши името, што е катализатор за целосна нормализација на билатералните односи? Или сакаме прашањето да се влече уште 20 години, како што предложи господинот Мицотакис? – прашува грчката министерка во интервјуто.

1 Коментар

Comments are closed.