Признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име, грчката држава нема право да дава име на која било друга држава, признавање на етничкото македонско малцинство и на сите етнички малцинства што живеат во Грција и давање целосни права на малцинствата, бара Организацијата на комунистичккитеа интернационалисти на Грција – „Спартак“ (ОКДЕ).

ОКДЕ е троцкистичка група во Грција и секкција на Обединетата четврта социјалистичка интернационала.

„ Не за националистички демонстрации. Улиците припаѓаат на интернационалната солидарност, а не на националистичката омраза“ бара ОКДЕ која се бори против капитализмот, империјализмот и национализмот. Групата се залага за бара „социјалистички и интернационален Балкан без војна и газди“.

Во образложувањето на овие барања ОКДЕ потсетува дека „Македонското прашање“ не е историско прашање, туку модерна политика. Формирањето на македонската националност и национална свест се градат паралелно со оние на другите балкански народи (Грци, Срби, Бугари, Албанци) по распадот на Отоманската империја.

Групата семета дека терминот „македонски“ се користи за дефинирање на нацијата, е исто толку стар колку и на другите во регионот, а не е изум на 90-те со иредентистички мотиви.

класа.