ППЦ, грчката енергетска корпорација, има за цел да ги прошири своите инвестиции и во Турција, изјави вчера претседателот на компанијата Манолис Панајотакис,.

ППЦ за македонската стана позната како заинтересиран купувач на македонската ЕДС на актуелниот вицепремиер, Кочо Анѓушев.

Грчката националнаа компанија за производство на електрична енергија ППЦ потпиша писмо на намери за купување на групацијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот Кочо Анѓушев. Во пакет, ЕДС ги продава и сите подружници во Југоисточна Европа. Се уште не е јасно за која сума е продадена компанија, но од компанијата велат дека продажбата се прави согласно законите во Македонија.

Нејзиниот инпакт во балканскиот регион вклучува купување на македонската ЕДС група, во време кога Грција се обидува да го реши спорот со својот сосед во врска со именувањето на Македонија.

По „интензивирање“ на разговорите за името, првиот човек на ППЦ вели дека „ние не дискриминираме“ алудирајкќи на агендата на грчката надворешна политика.

Тој само рече рече дека инвестицијата во Македонија ќе му помогне на ППЦ да стане регионален играч.

Фирмата ЕДС на Кочо Анѓушев е главен снабдувач со електрична енергија во Македонија и има филијали во Србија, Словачка и Косово, како и лиценци за тргување со струја во неколку други балкански земји.

Во своја „одбрана“ за моментумот кога го продава бизнисот со струија Анѓучев со контра прашање: „Дали, доколку ја продавав фирмата на некоја бугарска компанија, тоа ќе беше поврзано со договорот за добрососесдтсво меѓу двете земји или дали, ако ја продадев на албанска фирма, ќе беше во контекст на донесување на Законот за употреба на јазиците во Република Македонија“.

Во обид да го прошири бизнисот, ППЦ сега сака да инвестира повеќе во Турција и во балканскиот регион.

„Сметаме дека е вистинското време да се има актуелно присуство во Турција“ покрај она на Балканот, рече Панагиотакис во ексклузивното интервју со Агенцијата Анадолија.