Грчките царински служби синоќа започнаа штрајк што ќе го забави протокот на патници и возила од Македонија на југ, и тоа на сите три гранични премини. Први во еднодневниот штрајк влегоа на преминот Стар Дојран каде од полноќ, а така ќе биде во текот на целиот ден нема да бидат пропуштани лесни и товарни возила, а до 24 часот ќе можат да минуваат само пешаци.
На преминот Меџитлија кај Битола од утрово исто така во тек комплетен застој на сообраќајот, па автомобилите и камионите нема да преминуваат во Грција низ целиот ден, а на најфрекфентниот премин Богородица ќе важи принципот 15 минути сообраќај на 60 минути. Знаејќи дека овој премин е најмногу оптоварен, а и дека, пред нас е продолжен викенд, од Авто мото сојузот на Македонија предупредуваат дека застојот е можен.

SHARE