Локалните власти во Мелбурн се длабоко вознемирени поради гласините дека грчки екстремисти во Австралија планираат да го попречат маршот за Македонија во организација на македонската заедница во Австралија што треба да се одржи утре, 4 март.

Маршот низ Мелбурн доаѓа во време кога тензиите меѓу грчката и македоската заедница достигнаа точка на вриење околу грчко-македонсиот спор за сегашното име на Македонија на кое Грција се противи.

News.com.au кој јавува за можниот инцидент, објави фотографии од траспаренти и графити со содржина „Грците се Турци“, “F ** k Грција за неправедност“… закачени  минатата недела на мостови на автопат и грчките православни цркви за време на грчкиот протест под мото „Македонија е грчка“.

Крис Муциѕис, висок член на грчката австралиска заедница, рече дека знаците биле „одвратни“ и биле подигнати од фанатици и расисти.

Од друга страна – од малата држава на Балканскиот полуостров во која живеат два милиони луѓе – во четвртокот одговорија дека Грците не се „невини“ жртви.

Сега постојат стравувања дека е можен судир помеѓу двете заедници.

Групата „Македонија е грчка“, во петокот на Фејбук објави дека има гласишта што кружат по улиците на Мелбурн дека Грците се подготвуваат да се спротивстават на митингот во неделата што македонската заедница треба да го одржи пред парламентот, пишува News.com.au.

Про-грчките групи ги нарекоа организаторите и оние кои сакаат да протестираат со навредливиот термин Фиромјани.

„Фиромјаните треба да разберат дека имаме секакво право да се спротивставиме на демонстрациите“, напиша про-грчката група. И дека Фирјоманите биле толку вознемитени Што ќе бидат вооружени со скриени ножеви и бејзбол палки под облеката и во детските играчки.

Муциѕис ги осуди контра протестите, повика на мир и рече дека е разочаран од оние што инсистираат на протести и покрај уверувањето дека ќе останат настрана.

„Гледаме на оваа идиотска активност не како храбра и патриотска иницијатива, туку како безумна и провокативна акција на екстремисти со вжештени глави“, рече тој.