Осум компании со грчки или мешовит капитал се на списокот на 200 најголеми бизниси во БЈРМ во 2016 година, објави одделот за економски и трговски работи при Канцеларијата за врски на република Грција во Скопје.

На 3 то место од тие 200, според обртот (како и во претходната година) е ОКТА (ELPE Group), најголемиот снабдувач на горива во земјата со промет од 311 милион евра (5,6% помалку од претходната година). Следи УСЈЕ-Титан (TITAN Group) со промет од 72,4 милиони евра (0,2% пониска од претходната година) и Веропулос на 24 место со промет од 70,7 милиони евра (0,5% повеќе од претходната година), пишуваат грчки медиуми.

Меѓу 200 најголеми бизниси во БЈРМ се и Пивара Скопје (Coca Cola HBC – Heineken.) на 35 место, Дојран челик (SIDENOR group) на 46 место, АКТОР на 57, Жито Лукс (Elbisco) на 135 и Мермерен Комбинат (Pavlidis Marble – Granites) на 144 место.

Вкупниот промет на наведените грчки претпријатија изнесува 7 проценти од прометот на двестате најголеми компании во БПЈРМ.

Во однос на профитабилноста, УСЈЕ-ТИТАН се рангираше на 6-то место,  Пивара Скопје (десетта со профит од 12,4 милиони евра) и Веропулос (на 14 место со профит од 8,9 милиони евра).

Оставете коментар