Грчки лингвист го признава македонскиот јазик

Loading...

Платформата за истражувачко новинарство и анализи објавува напис на грчката славистка Александра Ионаиду во која таа нема дилема за постоењето на македонскиот јазик

“Во таканареченото „македонско“ прашање, кое неодамна беше преименувано во „скопјанско прашање“ зборовите се бомби. Тие може да фрлаат во ветар животи и кариери. Веќе подолго од две децении, политичарите, академиците, универзитетските професори ги извршуваат своите дејности под режим на постојана автоцензура за да не ја „засегнат“ националната пречувствителност на еден дел од професионални националисти, кои со своите екстремни повици повлекуваат кон себе многу грчки граѓани, поттикнувајќи ги на бунтови и на однесување спротивно на сите што, можеби, не ја пеат со нив истата песна за таканаречените „национални позиции“.

А сите кои навестуваат дека нашите сопствени (а не на другите) иредентистички напеви ( како на пр. „ Македонија е една и таа е грчка!“) се сѐ друго освен „национални“, макар што изразот „национално“ нема никаква врска со гнaсниот и опасен израз „националистичко“, се осудени да горат вечно во пеколот, носејќи го квалификативот „скопјанофилски антигрк“. И сите што сакаат да ја спомнат соседната земја, осудена на анонимност, нервозно трагаат по соодветни термини кои истовремено треба да бидат неутрални и „објективни“, само за да не бидат обвинети.

Истовремено, десетици илјади евра, средства од државните фондови се имаат потрошено на некои чудни национал-патриотски здруженија и на разни други патриотски центри, како и на оние што даваат услуги во разни служби, а на темата за името на БЈРМ се имаат изградено кариери и кариери.

Тие не зборуваат … ,,беjoeремски”

Еден ден во историјата ќе биде запишано кој бил тој блескав ум што го вовел овој бесмислен акроним што веќе толку години нѐ тера да се сопнуваме врз невозможните, а неопходно агресивни дефиниции (како на пр. „ беjoeремски јазик“ или „бејоеремските граѓани“, што би било чиста глупост), што доведе до тоа сите нив, еднострано, безумно и навредливо, да ги крстиме: „Скопјани“, пишува Ионаиду за пина.мк

Целата колумна на овој линк