Грчки ќар од бугарското мешање во „скопските“ работи

Какви последици може да има интензивна вклученост на Бугарија во внатрешните и меѓународните проблеми на Скопје?

Една од првите цели, како што ја прогласи премиерот Бојко Борисов, е да им помогне на земјите од Западен Балкан да направат стабилни чекори кон големото европско семејство. Групата од овие земји го вклучува Скопје, кое неодамна покажа тенденција да биде ставено под заштита на Бугарија, пишува грчкиот портал „Либерал“.

Оптимистичкото сценарио е дека Софија, како членка на НАТО и во ЕУ ќе го забрза членството на ПЈРМ во евроатлантските институции, но по решавањето (и како?) на прашањето за името.

Песимистичкото сценарио, пишува „Либерал“, предвидува дека албанските и словенските конфликти ќе се интензивираат во рамките на државата без да се исклучи можноста за клонирање на БЈРМ, со албански, бугарски, српски и така натаму кантони.

Бугарската динамична интервенција очигледно го намалува влијанието на Грција во Скопје, кое главно беше водено од економската дипломатија.

Од друга страна, тоа може да биде од корист за грчките интереси …

Кога ќе видиме бројни лажни Македонци како се изјаснуваат за Бугари, тогаш имаме причина да не ја легитимизираме титовата идеологија за „македонска националност“.

1 Коментар

  1. Христијанското пријателско влијание и меѓусебниот партнерски сооднос би требале да бидат пресудни за успешно регионално рангирање како спас на Македонија при нејзиното зачленување во семејството на ЕУ

Оставете коментар