Реакцијата од Амбасада на Грција во САД до весникот „Њујорк тајмс“ за написот за прашањето за името на Македонија фрла нова светлина врз неодамнешното преименување на аеродромот „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром Скопје.

Потегот на сегашната македонска Влада беше објаснет како знак на добра волја кон Грција, заедно со прекрстувањето и на автопатот од „Александар Македонски“ во „Пријателство“.

Но, според советникот за печат во амбасадата на јужниот сосед во Вашингтон, Ефтимиос Аравантинос, кој е потписник на писмото со кое реагира за анализата насловена „Што има во името? За Македонија мир и безбедност“ од 21 март, „новото име поправа прекршување на билатералната спогодба од 1995 година“.

Иако одлуката на Меѓународен суд на правдата во Хаг од 2011 година го тврди спротивното, Аравантинос во писмената реакција до уредникот на престижниот американски дневен лист пишува нешто друго.

„Што има во името? За Македонија мир и безбедност“ (напис, 21 март) приложено како наслов на онлајн фотографија дека преименувањето на аеродромот Александар Велики е отстапка на Скопје во спорот со Грција за името Македонија.

Всушност, новото име го поправа прекршувањето на билатералната спогодба од 1995 година како дел од серија слични прекршувања од претходните влади во Скопје во обид да се создаде официјална државна идеологија на сметка на грчкото културно наследство.

Грчката влада постојано демонстрираше солидна волја за постигнување заемно прифатлив договор. Амбасадорот на САД во Грција неодамна ја потврди волјата на грчката влада за решавање на прашањето за името.

Со согласност на Грција, поранешната југословенска Република Македонија доби кандидатски статус во Европска унија и обезбеди визна либерализација.

Грција активно се обидува да ги реши сите нерешени прашања на Балканот врз основа на заемно прифатлив компромис, заради зголемена регионална безбедност и стабилност“, стои во писмото.

 

1 Коментар

  1. ABRE KURVI I GAS MU DADOVTE NA GRCITE SAMO DA SI GO ZACUVATE VASETO KRADENO NARODNO BOGASTVO KURVI EDNI VIE NIKOGAS NEMAT DA POSTIGNITE MIR SO GRCITE SRBITE I ALBANCITE VAS SITE ‘VE CEKAT OD OVIE SOSEDI NOZOT KE ‘VE ISTREBAT KOGA DA E ZASLUZENOTO KE SI GO DOBIJETE. ZATO STO STE ANTIMAKEDONSKI GUPCI.

Comments are closed.