Давитковски: Македонија ќе колабира од ново партиско цунами

Екс деканот на правниот факултет „Јустинијан Прима“ во Скопје Борче Давитковски бара новата влада да се воздржи од целосни промени на сите позиции кои што може да ги пополни со свој кадар за да не се случи хаос во администрацијата.

Според Давитковски кој беше висок функионер на СДСМ во периодот од 2002 до 2006 земјата нема доволно човечки ресурски со соодветна експертиза за масовни смени.

„Кај нас од чистачка до претседател на Влада, сè се нови. Технички секретарки, советници, цунами се прави. Тоа многу побогати држави од нас не си го дозволуваат, а камо ли ние, една држава знаеме до кое дереџе сме и со колку средства располагаме и со кои капацитети. Не сме толку богати и немаме толку јака администрација и сега доаѓаат нови и повторно некој треба да ги обучи и дури ги обучи ќе дојдат нови избори итн. Мислам дека цел живот ќе каскаме и ќе го плаќаме данокот на незнаењето“, вели професор Давитковски за Радио Слободна Европа на македонски јазик.

SHARE