Давитков го избра Теодор од Банвит за засилување на Македонија

26 годишниот Џордан Теодор, Американец роден во Њу Џерси, според неговиот менаџер, веќе добил македонски пасош и може да заигра за нашата кошаркарска репрезентација. Членот на турскиот Банвит ќе не засили на бековските позиции за претквалификациите за Светското првенство што ќе се одвиваат летово и во кои ние, во двокружен бод систем, се среќаваме со Естонија и Косово.

Теодор сезонава беше прогласен за најкорисен играч во Лигата на шампионите што се игра во организација на ФИБА.

SHARE