Даглас Коста го засилува Јувентус

Јувентус и Баерн се пред договор за премин на Даглас Коста од Минхен во Торино. Баварците бараат 50 милиони евра, Италијанците се подготвени за 45, но според тоа што менаџерот на Бразилецот веќе престојува во Торино, каде според Скај Спортс и ја договорил платата на напаѓачот која ќе изнесува 6 милиони евра, работите се движат во насока на заминување на Коста од Алијанц арена.

26. годишниот крилен играч во Минхен мина две години и не се изнаигра зошто ја делеше минутажата или поточно беше резервна опција за Франк Рибери. Во тој период на 50 средби даде само 8 гола што е далеку од неговите партии во Шахтјор каде блескаше.

SHARE