Далеку е Европа – На норвешка министерка и пресуди Фејсбук

Loading...

Норвешката министерка за правда Силви Листауг денеска поднесе оставка, за да се избегне криза во десноцентристичката малцинска владина коалиција поради нејзиниот фејсбук статус.

До кризата дојде кога министерката за правда на Фејсбук објави фотографија на група исламисти со црни маски и напиша: „За Лабуристичката партија правата на терористите се поважни од националната безбедност”.

Тероризмот е многу чувствителна тема за лабуристите, кои се уште не се опоравени од нападот на ултрадесничарот Андерс Брејвик, кој во 2011 година отвори оган врз присутните на летниот камп на подмладокот на АП на островот Утоја, убивајќи 69 лица.

Објавата на Листауг предизвика револт во јавноста, по што таа ја избриша од Фејсбук и се извини. Но, опозициските партии не го прифатија извинувањато, оценувајќи дека Листауг не е искрена и бараа да поднесе оставка.

1 Коментар

  1. Како оваа влада е “европски орјентирана“,сега му е мајката Фросето да си даде оставка.

Comments are closed.