Даниел Сервер: Македонија во НАТО и без ново име!

Loading...

Американскиот политички аналитичар и професор на универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашингтон, Даниел Сервер вели дека би бил радосен ако се најде заедничко прифатливо решение, но и ако не дојде до тоа Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца.

Во интервју за МИА, Сервер вели дека „многу политичари во Вашингтон треба да сфатат дека неуспехот да се најде решение за влезот на Македонија во НАТО е причина за меѓуетничките тензии. Ако владејачката гарнитура во Грција предводена од СИРИЗА не може да се договори со опозиционерите од Нова демократија и со коалицискиот партнер Независни Грци, Македонија треба и мора да влезе во НАТО во ситуација кога Русија шири конфронтација и покажува агресија во Европа и Западен Балкан“

Целото интервју на Даниел Сервер за МИА тука.