Дачиќ: Лицемерно е Брисел да бара да извршиме харикири

Не постои таков морков што ќе ја натера Србија доброволно да се откаже од Косово изјави српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ.

„Лицемерно е што некои кругови во Брисел  го очекуваат од нас тоа историско харикири, додека  самите во ЕУ немаат единствен став во врска со прашањето за Косово“, рече Дачиќ во интервју за „Новости“.

На прашањето дали конечно може да почнат разговорите за конечниот статус на Косово, Дачиќ рече: „Приштина не сака дијалог за трајно решение бидејќи тие веруваат дека ја оствариле својата држава и дека Белград треба само да се согласи со тоа“, заклучува тој Дачиќ.