Кливленд го победи и Сакраменто со 101-95 и го продолжи на цел месец периодот во кој не знае за пораз. За 13 триумф во серија Кавси ги водеше Леброн Џејмс кому асистенција му фалеше за трипл дабл, но затоа пет од 32 поена даде за пресврт во последната минута. Финалистот од последниот НБА плеј оф не се приближува до првото место на истокот затоа што и Бостон одново игра одлично и реди нова низа во која утринава беше совладан Далас со 97-90. На другата страна, во западната конференција Голден Стејт ја продолжи бркотницата со Хјустон со триумф против Шарлот од 101-85. Во отсуство на Стеф Кари Кевин Дурент ја презеде сета одговорност и уфрли 35 поени, со 11 скока и 10 асистенции.

Оставете коментар